Сообраќајните полицајци од станицата во Гевгелија во второто полугодие од изминатата година, споредено со истиот период во 2020-та, регистрирале многу повеќе сообраќајни незгоди и прекршоци за кои изрекле и многу повеќе казни за недисциплираните воз.

Во извештајот за тој период биле регистрирани 81 сообраќајна незгода или речии 30 повеќе од истиот период во 2020 година кога се уште во сила беа одредени пандемиски мерки. Среќа во несреќите е што поминале без загинати лица со само тројца тешко повредени, 22 со полесни телесни повреди и предизвикани материјални штети евидентирани во 56 сообраќајни незгоди.

Сообраќајните полицајци во извештајот за работа навеле дека биле одземени 116 возачки дозволи од извршените контроли на 7628 возила и 415 возачи биле исклучени од сообраќај.

За 1876 сообраќајни прекршоци биле издадени платни налози, што е дури шест пати повеќе од 2020 година кога биле издадени само 312 платни налози.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2022 15:20