Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 07 до 13 март, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.
Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод:
- Отстранување на дефекти на следните локации: Ресенска 10, Овчеполска 101, Сарај ул. 4 бб, Војдан Чернодрински 25, Скупи кај Хубо, Видое Смилевски Бато 41/67, Ул. Македонска Косовска Бригада 42/17, Ул. 2 бб Студеничани, Кондово ул.1 бб, ул. Божин Николов 37 и ул. Кумбара 32. - Редовно одржување на канализационата мрежа во град Скопје.
ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.