Поранешниот светски рекет број еден Рафаел Надал синоќа го победи Ден Еванс во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс со 7:5 и 6:3.

Сега билансот на Шпанецот од почетокот на сезоната 2022 е 17:0.

Надал ја забележа 400-та победа на Мастерс турнирите. Тој стана првиот во историјата кој ја надмина оваа граница.

Од другите активни тенисери Роџер Федерер има 381 победа, додека Новак Ѓоковиќ има 374 добиени средби на Мастерсите.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2022 09:24