Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со директорот на ЈП Градски Паркинг Бојан Христовски денес беа на увид низ Урбаната заедница Автокоманда со цел решавање на сообраќајниот хаос и изнаоѓање на решение за регулирање на сообраќајот во мирување. За увидот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Започнува постапка за решавање на сообраќајниот хаос во Автокоманда.
Заедно со директорот на Јавното претпријатие Градски паркинг Бојан Христовски направивме увид низ урбаната заедница Автокоманда со цел изнаоѓање на решение за регулирање на сообраќајот во мирување и конечно решавање на сообраќајниот хаос.
Со директорот Христовски заклучивме дека е потребно итно изнаоѓање на решение, за што во најкраток рок службите од општина Гази Баба заедно со стручни лица од јавното претпријатие ќе оддржат состанок на кој ќе излезат со предлог сообраќајно решение.
Истовремено, општина Гази Баба во соработка со Урбаната заедница Автокоманда ќе спроведе анкетирање на граѓаните на Автокоманда со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо решение кое ќе воведе ред за сообраќајот во мирување.
Ова е едно од клучните барања на жителите на Автокоманда и за истото во следниот период ќе се спроведе соодветно сообраќајно решение. - напиша Стефковски