Повреден е 24-годишен возач на мопед, при сообраќајна несреќа во близина на силосите во штипската населба Долна Железничка.

Во Полициската станица во Штип незгодата е пријавена во 9.40 часот, а се случила меѓу мопед управуван од 24-годишно момче и комбе управувано од 54-годишен возач. Момчето се здобило со телесни повреди и е хоспитализирано во Клиничка болница Штип.

Портпаролот на болницата Марина Шуманска вели дека 24-годишното момче е примено на хирургија со повреди на главата, а му се прават и дополнителни снимања.

Надлежните од СВР-Штип апелираат возачите на мопеди да внимаваат во сообраќајот, бидејќи тие се едни од најнезаштитени учесници на патиштата. Задолжително и да носат кациги додека управуваат со мопедите. Во овој случај се гледа дека повреденото момче носелo заштитна кацига.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2022 17:40