Во текот на вчерашниот ден (15.03.2022) во периодот од 09.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена контрола во делот на сообраќајот на територијата на Република Македонија.
При контролата биле упатени во станица за технички преглед 202 возила, при што кај 79 возила биле констатирани технички неисправности, а санкционирани се 253 возачи поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.