Годинешната, 44. Шаховска олимпијада, која требаше да се одржи во Москва, е префрлена во индискиот град Ченаи, објави денеска Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ).

Точните термини сè уште не се утврдени, но олимпијадата ќе се одржи меѓу крајот на јули и почетокот на август, како што и е предвидено во календарот.

Ченаи е родниот град на поранешниот светски првак Вишванатан Ананд и беше домаќин на дуелот за титулата светски првак во 2013 година, кога Норвежанецот Магнус Карлсен прв пат ја освои титулата совладувајќи го токму индискиот велемајстор.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2022 02:31