На 12.03.2022 во 13.10 часот на Граничен премин Табановце, при преглед во автобус со македонска национална ознака, кај патниците С.Т.(22) од Тетово и А.С.(21) од Скопје пронашле и одзеле повеќе парчиња златен накит и друга вредна стока за која не поседувале документација.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.