Денеска (17.03.2022), полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Х.М.(21) од село Банско, струмичко.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Известен е Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2022 15:33