Повеќе од осум кубни метри огревно дрво заплени прилепската полиција од нелегална сеча на повеќе локации во околината на Прилеп. Дрвата се запленети од седум лица при вчерашната координирана акција на СВР Битола, на Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Прилеп и на Прилепската полициска станица.

Имено, на месноста Песјобарци, се фатени три лица, сите од Прилеп, со иницијали М.А. (43), П.А.(40) и И.Д. (48), со три запрежни коли натоварени со огревни дрва без соодветна дозвола за нив. Одземени се околу 4,5 кубни метри и се предадени на прилепската Шумска полиција.

На месноста Пештерица и Дата Центар во Прилеп се запленети три запрежни коли (шпедитери) натоварени со огревни дрва без дозвола од 0,7 кубни метри и се одземени од тројца прилепчани, со иницијали С.А.(37), С.Б.(49), А. Ш(41). Во прилепското село Ореовец, пак, се запленети два шпедитери натоварени со три кубни метри огревни дрва од 16- годишен малолетник од Битола. Одземеното огревно дрво е предадено на Шумската полиција во Прилеп.

Од СВР Битола информираат дека по документирањето против дрвокрадците ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2022 15:27