Полициските службеници од отсекот за потраги при СВР Куманово приведоа 50-годишен кумановец кој се барал за доиздржување заворска казна за повеќе кривични дела, соопшти денеска полицијата.

– Денеска во 13:30 часот во Куманово, полициски службеници од отсекот за потраги при СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Ц.(50) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од 4 години и шест месеци казна затвор, а бил осуден на 15 години и четири месеци за сторени повеќе кривични дела по член 236 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Прилеп за доиздржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2022 00:27