СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(35) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изнуда“.

На 16.02.2022 во деловен објект во с.Голема Речица, пријавениот со закана, поради претходно нерасчистени меѓусебни односи за наводен финансиски долг, од И.А. од с.Голема Речица барал да му го врати наводниот долг во износ од 22.000 евра.

Тој, исто така, оштетил стакло од објектот и едно возило на правното лице.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2022 02:32