Тројца малолетници се приведени ноќеска во 3 часот по полноќ во полициската станца во Аеродром под сомнение дека извршиле две тешки кражби и една кражба на возило.
Тие биле приведени во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници, во присуство на нивни родители, ги признале делата. По целосно документирање на случаите против малолетниците ќе бидат поднесени соодветни пријави.