Во Домот на култура „Илинден”, по повод Денот на крводарителството –17 ти Март, Црвениот крст им додели благодарници на крводарителите што имаат дарувано крв повеќе пати, соопшти денеска Општина Илинден.

Градоначалникот Александар Георгиевски, информираат од општината, се заблагодари на работната организација и хуманата мисија од страна на Црвениот крст, како успешни мотиватори на крводарителската мисија. Тој додаде дека, доброволното дарување на крв претставува израз на високи етички, хумани и морални вредности, да се дарува крв и да се спаси нечиј живот, е висок чин на хуманоста.

-Крводарителите кои добија благодарници, споделија искуства, доживувања и ја истакнаа важноста на секоја капка дарувана крв, што значи живот, стои во соопштението од Општина Илинден.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2022 13:47