Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатава недела исчистија големо количество отпад од парк-шумата Водно, информираат од Град Скопје.

Со подобрувањето на временските услови и зголемената посетеност на парк-шумата Водно се зголемува и количеството на отпадоци фрлени од несовесни посетители.

Во рамките на оваа акција на ЈП „Паркови и зеленило“ собраа четири полни камиони со отпадоци и тоа кај набљудувачницата пред Средно Водно, кривината кон патот за Сончев Град и на малиот паркинг.

Од градот до граѓаните аплеираат да се грижат за природата, да го одложуваат отпадот во најблиската корпа за отпадоци и да го одржуваат Водно чисто.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2022 13:53