Во акцијата, организирана од општината, се вклучи и градоначалникот Горан Герасимовски, како и вработени од секторот за одржување на јавна хигиена, наставници, ученици, родители и граѓани кои сакаа да го дадат својот придонес во одржувањето на чиста околина.

Градоначалникот на Центар истакна дека општината оваа акција ја организира со цел да се подигне јавната свест за чиста животна средина кај учениците но и кај граѓаните воопшто.

-Ова е наша втора голема акција за чистење во училишните дворови и не запираме тука. Нашата цел е да ја подигнеме јавната свест за правилно одложување на отпадот но и да ја смениме перцепцијата на граѓаните. Мора да се навикнуваме на чиста околина и јавна хигиена која зависи само од нас. Овде во училиштата сакаме да им покажеме на младите дека училишните дворови може да бидат поубави доколку го нема сметот, изјави Герасимовски.

Покрај чистењето на дворовите од суви листа и комунален отпад, од Општина Центар информираат дека биле засадени 300 темјанушки, зимзелени садници, а биле бојадисани и старите, излитени клупи на училиштата.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2022 13:59