Дваесет и седум возачи за возење под дејство на алкохол казнила полицијата на подрачјето на СВР Куманово за време на викендот, соопштија денеска од полицијата.

Во акциската контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, санкционирани се 27 возачи, од кои 16 на подрачјето на Куманово и 11 во Крива Паланка.

Засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-повикаа од полицијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2022 17:29