СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.С.(54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.
Во периодот од 2020 до 2022 година, пријавениот земал во владение недвижен имот кој е во државна сопственост, а се наоѓа во кругот на Клинички центар Тетово, каде без одобрение за градба зафатил површина од 100 м2 и изградил објект со бетонска подлога и метална конструкција.
Од преземените мерки било констатирано дека за наведениот објект не е поднесено барање за утврдување на правен статус и не поседува дозвола за поставување на урбана опрема.