Поради санирање дефект прекинато водоснабдување изутрина од 09.30 часот ќе имаат корисниците на дел од улиците „Св.Наум Охридски“ и „Благоја Гојан“ и Домот за стари лица „Сонце“.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ најави дека ќе се врши промена на шибер на улица „Св.Наум Охридски“, број 69, во населба Пржино.

Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2022 12:03