Доколку човек сака да го одржува срцето здраво, само физичката активност не е доволна. Треба да се избегнува и лошата храна, како што е „хотдогот“ – „на нога“, по трчањето.

Виршлите содржат натриум, заситени масти и конзерванси, кои се штетни за срцето, пренесува „Eat This, Not That“. Според анализата, конзумирањето преработено месо доведува до поголема опасност од коронарна срцева болест во споредба со непреработеното црвено месо. Преработеното месо може да содржи дури 400 пати повисоко ниво натриум.

Прегледот на 13 научни трудови од 2021 година води до сличен заклучок. Редовното консумирање преработено месо ја зголемува можноста од коронарна срцева болест за 18 отсто, додека необработеното месо го зголемува за 9 отсто.

Многумина претпочитаат говедско или мисиркино месо. Сепак, некои стручњаци предупредуваат дека овие намирници не се поздрави и оти преработеното месо треба да се избегнува колку што е можно повеќе.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2022 15:37