Заедно со вд директорот на ЈКП Гази Баба Добри Петров и членови на Советот на општина Гази Баба, го означивме почетокот на големата пролетна акција која во следниот период ќе ја спроведува Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 заедно со општина Гази Баба.

Започнавме на Коцка во Автокоманда.

Акцијата опфаќа поставување на нова урбана опрема во сите населени места во општина Гази Баба.

Нови форми на клупи, нови корпи за отпадоци, менување на штафни на постоечките клупи, расчистување на паркови и детски игралишта, оддржување и подигање на нови зелени површини.

Со оваа акција го најавуваме и почетокот на пролетната градежна офанзива. Следува период на реализација на голем број на проекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2022 02:55