Министерството за внатрешни работи од 1 до 22 март спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. Контролирани се 48 возила при што санкционирани се 21 возач за претовар на возилото, од кои едно од возилата било нерегистрирано, а еден возач управувал и без возачка дозвола.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2022 03:53