На влезот во Домот на култура во општина Илинден поставена е спомен плоча на паднатите борци во Народноослободителната војна, што ги даде населеното место Илинден од 1941-1945 година, соопштија од локалната самоуправа.

– Станува збор за возобновување на спомен плочата која пред повеќе од десет години се наоѓаше во стариот Дом на култура „Илинден”. Со возобновувањето на спомен плочата Општина Илинден ја покажува грижата за историското наследство и посветено низ работа и труд го потврдуваме заветот што ни го оставија нашите предци, велат локалните власти.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2022 17:59