Во рамките на просториите на Општина Илинден денеска е отворена канцеларија на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје. Таа ќе работи секој работен ден, во период од 08:30 до 13 часот
Како што истакна, градоначалникот Александар Георгиевски со ова ќе им се олесни пристапот на граѓаните за прием, администрирање и обработка на барањата за остварување на правата од социјалната заштита и барањата за остварување на правата од детската заштита.
На отворањето на канцеларијата присуствуваше и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Лиридон Бафтији.