На 23.03.2022 во 12.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(35) од село Гошинце, липковско, со привремено живеалиште во село Арачиново, скопско. За него била распишана потерница, врз основа на издадена судска наредба, со која се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 382 ст.3.

Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2022 14:44