Во рамките на пролетната акција на Градот и јавните претпријатија која започна на 21 март од општина Кисела Вода, а ќе се спроведе и во останатите скопски општини, досега се собрани околу 45 кубни метри кабаст отпад.

Акцијата ќе трае до 27 март, а во нејзините рамки, како што информираат од ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно се спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците во оваа скопска општина.

-Воедно, се мијат и дезинфицираат сите садови за одлагање комунален отпад поставени на јавни површини, вклучително со нивните микролокации – велат од претпријатието.

ЈП „Комунална хигиена“ на четири локации постави специјални садови во коишто жителите на општината Кисела Вода го одлагаат својот кабаст отпад кој по завршувањето на акцијата ќе биде подигнат и транспортиран.

Пролетната работна акција на Градот Скопје и јавните претпријатија ќе продолжи да се реализира во сите скопски општини, а следната општина на ред е општината Карпош каде што активностите ќе траат од 28 март до 1 април.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2022 15:01