Кокошкините јајца се суштински дел од исхраната на луѓето. Тие се богати со протеини, калциум, фосфор, лецитин и калциферол, па јадењето пет или шест јајца во седмицата ќе донесе максимална корист за организмот. Но, не треба да јадеме повеќе од три јајца дневно, според руската нутриционистка Александра Разаренова од Рос-НДП.

– Здрав возрасен човек може да консумира до две или три јајца на ден. Белката може да ја има и во поголеми количини. Теоретски, здрав возрасен човек може да консумира повеќе јајца на ден, но јас сум повеќе за „разновидност во чинијата“. Пет или шест јајца во една седмица е добар додаток на другите основни животински протеини – месото, рибата, живина, морски плодови и намирниците на таа основа, објаснува Разаренова.

Таа ги советува луѓето кои имаат одредени болести да ја ограничат количината на јајца во исхраната.

– Лицата со хронични и акутни заболувања на гастроинтестиналниот тракт, како и оние со висока опасност од кардиоваскуларни заболувања и прекумерна тежина, треба претпазливо да консумираат јајца и да се ограничат на едно јајце на ден, рече Разаренова.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2022 13:20