Конгресот треба да се изјасни за покренување судски постапки против уште двајца блиски соработници на Трамп

Комитетот на американскиот Конгрес што ги истражува немирите на Капитол Хил од 6 јануари 2021 година, соопшти дека следната седмица ќе одлучи дали ќе побара кривична одговорност на соработник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп заради одбивање на сведочи во истрагата.

Станува збор за Ден Скавино, еден од блиските советници на Трамп, задолжен за социјалните мрежи на тогашниот претседател на САД. Се претпоставува дека Скавино бил со Трамп на 5 јануари 2021 година, кога разговарале за начините како да ги убедат членовите на Конгресот да не ја потврдат победата на Џозеф Бајден на претседателските избори одржани во ноември 2020 година.

На 6 јануари 2021 година поддржувачи на Трамп се обидоа да ја блокираат седницата на Конгресот на која беше потврдена победата на Бајден. Неколку стотици од нив, осудувајќи ја наводната измама за време на претседателските избори, насилно влегоа во Капитол Хил предизвикувајќи немири.

И покрај поканата од Судот, Скавино одби да сведочи пред Конгресната комисија задолжена за расветлување на улогата на Доналд Трамп во немирите.

Другото лице притв кое би можело да биде покрената кривична орговорност е Питер Наваро, економски советник на Трамп. Според Конгресот, Наваро не ја криел својата улога во маневрите што ги спровел Трамп за поништување на изборните резултати.

Доколку на состанокот на Комитетот закажан за в понеделник биде препорачано покрененување кривична постапка против Скавино и Наваро, случајот ќе биде предаден на федералните обвинители кои ќе одлучуваат за обвинението за обид за попречување на истрагата во Конгресот.

Конгресната комисија претходно препорача покренување постапки против поранешниот шеф на кабинетот на Доналд Трамп, Марк Медоус, и поранешниот советник, Стив Банон.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2022 16:26