Претставници на Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) до 30 март годинава треба да се сретнат со премиерот Димитар Ковачевски со цел разрешување на предизвиците на општините.

Одговарајќи на новинарско прашање, градоначалничката на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Данела Арсовска денеска соопшти дека добиле информација оти задолжен за состаноците со ЗЕЛС, со цел разрешување на предизвиците на општините е вицпремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. Таа нагласи дека тој состанок требало да се одржи од 21 до 23 март годинава, согласно писмото што го добиле од нив.

-Вчера ни испратија ново писмо во кое ни кажаа дека сега премиерот би сакал да раководи со тој состанок и дека ќе биде околу 30 март годинава, изјави Арсовска.

ЗЕЛС бара од Владата поддршка за полесно надминување на проблемите што ги имаат општините предизвикани од економската и енергетска криза



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2022 16:41