Во знакот на првите пролетни денови кои веќе отпочнаа, ЈП ЛАЈКА и Граѓанската иницијатива “НЕ БИДИ ЃУБРЕ” во недела 27.03.2022 година во 12:00 часот ве покануваат на пролетно чистење околу објектот на прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА.

Покрај тимот на јавното претпријатие, свој придонес ќе дадат и активистите за заштита на животни.

Сите граѓани кои ќе сакаат да ни се приклучат на оваа пролетна иницијатива ќе можат тоа да го направат во недела во 12:00 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2022 17:05