Изминатиов период дел од корисниците на паркинг услугите на зонското паркирање се соочуваа со проблем при процесирање на смс пораките за паркирање и стопирање на паркирањето.

Со цел решавање на проблемот, в.д. Директорот Бојан Христовски и стручните служби од претпријатието одржаа состанок со Директорот на Агенцијата за Електронски комуникации од каде добивме насоки поддршка во процесот за надминување на проблемот.

Исто така, се одржа работна средба со менаџерскиот тим на мобилниот оператор „А1“ од каде се делуваше брзо во лоцирање на причинителите на проблемот со процесирањето на смс пораките. Денес, по добиена потврда од страна на мобилниот оператор „А1“, ги известуваме нашите корисници дека проблемот е надминат.

Изразуваме голема благодарност до директорот на Агенцијата за електронски комуникации за соработката, како и на менаџерскиот тим на мобилниот оператор „А1“ за брзото делување за надминување на проблемот.

Воедно, се извинуваме на сите наши корисници кои до сега се соочија со овој проблем. Напоменуваме, при секое паркиње уредно да извршат наплата преку смс порака или греб картичка. Доколку имаат нејаснотии, може да се обратат на нашите контакт телофони:

- Центар: 02 321 55 66

- Аеродром: 02 244 33 66

- Илинден 02 329 82 10



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2022 17:32