Пожар избувнал вечерва во близина на скопското село Арачиново, но е ставен под контрола. Опожарена е трска, а опфатени се 20 хектари земјиште, информираа за МИА од Противпожарната бригада.
Во пожарот, посочуваат, не се зафатени куќи. Во гаснењето на пожарот учествувале едно пожарно возило со три пожарникари.