На 23.03.2022 околу 05.00 часот на ул.„Партизанска“ и ул.„Паруца“ во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово пронашле летоци со навредлива содржина. По преземени мерки и извршени проверки дојдено е до сознанија дека А.Ч.(40) од Берово на социјалната мрежа „Фејсбук“ поставил фотографии од летоците.
По насока од Јавен обвинител тој бил повикан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 394 – г од Кривичниот законик за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.