На 24.03.2022 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.С.(18) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 14.00 часот пред дом на улица „Јустинијан Први“ со употреба на сила одзел златен накит од С.З.(60) од Скопје.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.