Во текот на вчерашниот ден (24.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 235 возачи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 98 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 137 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2022 14:14