Денеска (26.03.2022) во 13.20 часот од страна на инспектори од Одделот за криминалистичка полиција Тетово е лишен од слобода В.Б.(23) од с.Церово, тетовско.

За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци за извршени тешки кражби, по член 236 од Кривичниот законик.

Тој бил приведен и спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2022 15:30