Општина Гази Баба во соработка со Здружението на граѓани Treebanks, Македонски шуми, Шумарски факултет и Јавното комунално претпријатие ГАЗИ БАБА 2007, денес организираше акција за пошумување на дел од падините на Скопска Црна Гора во месноста наречена Сарачево, во непосредна близина на населено место Раштак.

На акцијата учествуваа градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, претседателот на Советот Дијана Илиевска, пратеникот во Собранието Зоран Коцевски, членови на Советот на општина Гази Баба, вд директорот на ЈКП Гази Баба Добри Петров, здруженија на граѓани и голем број на жители од општина Гази Баба.

За акацијата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

"Засадени нови 3200 садници во Сарачево! Денес, Општина Гази Баба во соработка со Здружението на граѓани Treebanks, Македонски шуми, Шумарски факултет и Јавното комунално претпријатие ГАЗИ БАБА 2007, организираше акција за пошумување на дел од падините на Скопска Црна Гора во месноста наречена Сарачево, во непосредна близина на населено место Раштак. Во рамките на акцијата се насадија 3200 садници од листопадни видови на дрвја- јасен и багрем. Оваа иницијална акција на Општина Гази Баба е само почеток на поголем проект со крајна цел озеленување и пошумување на цело ерозивно подрачје на територија на Општина Гази Баба. Секое засадено дрво, значи еден нов прочистувач на воздухот. Заштитата на животната средина останува на врвот на моите приоритети, а за тоа говори и фактот што во првите пет месеци од мојот мандат, заклучно со денешната акција се засадени над 4000 нови садници на територија на општина Гази Баба. Тука нема да запреме, општина Гази Баба ќе биде најзелената општина во Градот Скопје. Им благодарам на граѓаните на општина Гази Баба кои масовно се приклучија на денешната акција." - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2022 17:22