На 25.03.2022 околу 20.00 часот на ул.,,Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.И. од Штип, затоа што се однесувал агресивно и со остар предмет се обидел да ги нападне додека извршувале службени дејствија.

Тој претходно со остар предмет се заканувал и на Т.Т.(36) од Штип. М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2022 03:34