Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажува неделниот извештај спроведен во Секторот за санитарна контрола.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација", секторот за санитарна контрола во периодот од 21.03.2022 до 25.03.2022 земал 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во град Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).