Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ очекува неговиот тим да одигра уште еден добар натпревар по победата над Вардар на дербито во Скопје во саботата.

Битолчани утре гостуваат во Хрватска кај Нексе.

– Имаме три дена да се одмориме, да се подготвиме дефанзивно и офанзивно, да видиме кои карактеристики ги има Нексе. Треба побрзо ментално да се одмориме и со истата енергија и желба да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат.

Нексе е добра дефанзивна екипа и тркачки добра екипа. Веќе имавме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство, Верувам дека ќе се одмориме, ќе се припремиме и ќе бидеме спремни на нивното брзо трчање, на неговиот брз центар и на агресивната одбрана, изјави Бабиќ.

Натпреварот во Нашице ќе почне во 18:45 часот и е прв од осминафиналната пресметка на двете екипи во Европската лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2022 16:48