Денеска (28.03.2022) во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 169 возачи.
Од нив, по 46 на територијата на СВР Охрид и СВР Тетово, 19 на територија на СВР Куманово, 16 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Велес...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.