На 27.03.2022 во 13:00 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, при извршена пасошка контрола, било констатирано дека патните исправи и британските визи на Ј.О.(31) и Ј.Ј.(23), двајцата од Република Турција, биле фалсификувани.

Со нив бил извршен службен разговор и било утврдено дека визите ги набавиле преку турска агенција за што платиле повеќе од 500 фунти.

Тие биле приведени и предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2022 04:08