Дел од корисниците лоцирани на улицата „Димо Хаџи Димов“ во општина Кисела Вода денеска од 11 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок на улицата „Димо Хаџи Димов“, број 105.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со работните активности.

Без вода денеска од 9:30 часот се и корисниците од улицата „Индира Ганди“. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, прекинот е поради дефект на улицата „Индира Ганди“ бр.6. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Без вода денеска од 11:00 часот се и корисниците од улиците „Варшавска“, „Хелсински“, „Мексичка“, „Ташкенска“ и „Хаванска“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект во шахта на улица „Варшавска“, број 36.

Исто така, од 11:00 часот без водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата „Рилски Конгрес“ од број 28 до број45 поради дефект во шахта на улицата „Рилски Конгрес“, број 28.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2022 12:19