Политичката партија СДСМ е загубена во просторот и во времето.
Прекинот со снабдувањето на електрична енергија на ООУ Стив Наумов во Автокоманда е поради дислокација на нисконапонски кабли за што компанијата ЕВН Македонија има објавено јавно соопштение во медиумите. И не само ООУ Стив Наумов, туку и домаќинствата во дел од Автокоманда немаат електрична енергија во моментот.
Лагите и манипулациите на СДСМ немаат крај.
Градоначалникот на општина Гази Баба нема никаква поврзаност со прекинот на електричната енергија.
Времето на СДСМ во општина Гази Баба заврши.
СДСМ да ја прифати реалноста дека и покрај сите опструкции од институциите на централната власт во општина Гази Баба се реализираат проекти и тоа ќе продолжи така и во иднина.
Очекуваме СДСМ следните денови да го обвини градоначалникот Стефковски и за честите временски промени.