Двајца малолетници физички биле нападнати од нивни врсници во два одделни случаи во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. Едниот малолетник бил нападнат во училишен автобус, вториот во училиште.

Вчера, во 20 20:30 часот С.Ш.(42) од Куманово пријавил во полицијата дека околу 17.35 часот во училишен автобус неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. Претходно во 19:50 часот, триесет и осумгодишниот Ф. Љ од Куманово пријавил во кумановската полиција дека во основно училиште на улица „Доктор Рибар“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2022 15:17