Ракометарите на Еурофарм Пелистер со негатива од три гола се враќаат од гостувањето во Нашице, во првиот натпревар од осминафиналната фаза во Европската лига.
На дуелот со Нексе „зелено-белите“ забележаа пораз од 29:26. Во првиот дел битолчани во три наврати имаа по еден гол предност но на пауза се отиде со резултат 12:10 за хрватскиот тим. Во вторите 30 минута предноста на Нексе постојано се движеше од два до четири гола.
Реваншот ќе се игра по седум дена во Битола.