Поради уличен дефект на ул. „Перо Наков” бр. 106, во близина на „Бриколаж”, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Ќерамидница, вклучително објектите на „Бриколаж” и „Бонум”.
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае до санација на дефектот.