Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од улица „Св. Прохор Пчински" и дел од улицата „Самоилова" во Скопје.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради промена на шибер Ф-60 мм на ул. „Св. Прохор Пчински" бр. 7 во Чаир.