Наскоро нов парк од 5700 м2 во Реонски Центар Аеродром

Општина Аеродром ќе добие нов парк од 5700 квадратни метри во Реонски Центар Аеродром, значаен придонес во неговата изведба и уредување ќе биде обезбеден од страна на Шведска, а ќе го спроведе канцеларијата на УНДП. Шведска претставува најголем билатерален донатор помеѓу ЕУ земјите во нашата земја.

Денеска имав можност да се сретнам со шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, со која направивме прошетка низ нашата општина и обиколка на локацијата на која овој парк ќе биде поставен.

На амбасадорката ѝ ги презентирав некои од нашите врвниприоритети за развој на општината во наредниот период, меѓу кои највисоко место зазема и заложбата за чиста и здрава животна средина. Оваа заложба ја потврдуваме со тоа што предвидениот парк се наоѓа на локација на која до сега беа предвидени градежни маркици за изградба на станбени објекти, а со наша одлука беа пренаменети во парк кој ќе зафаќа површина од 5700м2



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2022 21:55