Гостиварското Основното јавно обвинителство поднесе предлог за обвинение против лице од Гостивар за кривично дело – малтретирање во вршење на службата според член 143 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 26 ноември годинава, при вршење на службата како заменик-директор на основно училиште во селото Чегране, постапувал спрема ученик на начин со кој се понижува човечкото достоинство и личност, известува Основното јавно обвинителство.
Во соопштението се нaведува дека оштетеното дете, ученик во осмо одделение, добило известување дека заедно со уште двајца соученици ќе биде прераспоредено во друго одделение. Тој се качил на вториот кат во училиштето за да го земе распоредот за новото одделение, но го затекнал обвинетиот кој најпрвин му се развикал затоа што се качил на спратот, а потоа започнал да го удира со шлаканици и клоци.
Оштетеното дете се здобило со телесна повреда – нагмечување во пределот на главата и настанот го пријавило во полициска станица.